0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2016

Нови маки за Kickstarter, телефонот Light ќе доцни неколку месеци

„Глупавиот“ телефон Light кој на своите корисници требаше да им овозможи основна функционалност, ќе доцни со испораките. Оригинално телефонот требаше да пристигне на крајот на овој месец, но поради непредвидени проблеми за најголем дел од поддржувачите ќе биде достапен идната година.

Проблемите се поради дел од функционалностите на iOS кои не можат да се прилагодат. Сепак компанијата за да не доцни уште повеќе ќе започне со испорака на првите (Light) уреди кои ќе започнат со испорaка на 30 ноември. Црната (Night) верзија ќе почека до почетокот на 2017.

1-f6hizj5xmu6lrt7ownc5qw

Предностите на глупавиот телефон покрај можноста да се исклучите од технологијата и цената (уредот чини 100 долари) е и батеријата. Батеријата трае дури 21 ден без полнење.  Дополнително, телефонот е еден од поубавите „глупави“ уреди кои излегле.

Што се однесува до квалитетот, Light Phone се изработува во Foxconn во Кина. Во истата фабрика своите телефони ги произведуваат и Apple, Xiaomi, Huawei.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top