0 коментари 1 мин. читање

Србија го отвора првиот музеј за компјутери

Во Нови Сад ќе биде отворен првиот музеј во Србија во целост посветен на компјутерите. Музејот ќе биде лоциран во StartIT центарот во Нови Сад, а исто така е отворен и за дополнителни донации. Со оглед на тоа дека станува збор најверојатно за најважната алатка на овој век, желбата за создавање на музеј кој ќе ја илустрира еволуцијата на компјутерите не е никакво изненадување.

Првиот и по сѐ изгледа главниот донатор во музејот е основачот на News.net и и директорот и ко-основач на Content Insights EAD, Дејан Николиќ. Г. Николиќ ќе ја донира својата приватна колекција, јави Startit.rs. Дел од неговата колекција се Galaksija, Commodore 64, ZX81 и Apple II.

dejan-nikolic-muzej-racunara
Image Courtesy of StartIT.rs

Првaтa збирка компјутери во Србија е во Музејот на наука и техника во Белград. Компјутерите првпат се изложени од 2006, а тие се дел од постојана постановка во музејот од март 2007.

Ова се чини е одлична идеја да потсетиме дека Македонија нема музеј на техника и технологија. Факултетот за електротехника и информациски технологии, пред неколку години ги презентираше постарите уреди кои ги имаат на располагање, но засега без постојана постановка.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top