11 коментари 2 мин. читање

Славење Нова година на Facebook?

Но, за многумина овие 10% звучат чудно. Зарем oткачивме и сега се изолираме од другите? Меѓу експерите од текстот на BBC на македонски има мислења кои звучат навистина лошо за Facebook корисниците. Според психијатарот Викторија Вујовиќ генерациите кои „живеат“ на Facebook, надвор од него се чувствуваат отуѓено и изгубено. Според социјологот Марија Дракулеска, нормално е што новите генерации се постојано на друштвените мрежи, но тие не смеат да забегаат во „виртуелната реалност“, што е факт дека Facebook може лесно да предизвика зависност, посебно кај помладите. Експертите секако поддржуваат виртуелна Нова година, но препорачуваат реална средба со луѓето.

Но… има мал проблем со наведената анкета и постои можност тие 10% на Facebook за Нова година да се всушност помала бројка од реалната.

Пример, во анкетата ја нема возраста на корисниците или можноста да слават заедно. Пример, ако се работи за малолетни корисници кои ќе останат дома, тогаш зошто да не ја поминат Новата година со своите пријатели во една безбедна околина? Ако се повеќето на Facebook, тогаш другите ќе им се придружат. Ако се работи за луѓе кои се одделени со физичко растојание, тогаш мрежата им овозможува одличен контакт. Всушност, половина Македонија едвај ќе чека сликите од дочекот да ги закачат на Facebook и споделат со другите. Да не заборавиме и можност за споделување на тие слики преку мобилен.

Според друга анкета, исто наведени во текстот на BBC на македонски (за жал нема линкови), поголем дел од македонските граѓаните ќе ја прослават Нова година дома со семејството. Зарем новогодишните тв програми се навистина подобар избор од Facebook?

Не верувам дека некој ќе помине од 20 до 01 часот на Facebook, но поголемиот дел од тие што ќе се близу до компјутер таа вечер несомнено е дека ќе се логираат на Facebook или Twitter барем еднаш во тек на вечерта да честитаат на другите-одделени-од-нив пријатели.

Исто така, за Нова година вообичено е мобилните мрежи да се срушат. Тогаш, која е алтернативатa?

Дали треба свесно да го избегнуваме Facebook за Нова година бидејќи ете се „изолираме од другите“ како што велат експертите, или Facebook е дел од нашето дружење без врска на која вечер е во прашање?

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top