2 коментари 1 мин. читање

Coolendаr, едноставен и интересен веб календар

Внесувањето датум, време и задача, се пишува во една линија текст. Пример, monday 14:00 купи кафе и кликате Create.Самиот календар ќе го одреди датумот на monday, односно првиот последователен понеделник. За жал не може да се пишуваат деновите на македонски. Доколку сакате конкретен датум во тек на месецот внесувате линија текст, пример, 01.18 14:45 купи кафе и кликaте Create. Ако сакате еден настан да се повторува во наредниве пет денови место ден додавате +5.

Настаните/обврските се распроделени според ден, утре и месец, а доколку сакате да ги сместите во категоријата на важни обврски само кликнете на точката до датумот, да биде црвена.

Друга интересна опција е што ако користите Google Talk ќе бидете информирани за сите направени настани и обврските преку месенџерот, само треба да го додадете [email protected]. Проблем има со таговите за организирање на настаните бидејќи нема пребарување, а ни опција за категоризирање на посебните тагови.

(via Стаматовски)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top