Aвтобуско
… е добро изработена апликација за „навигација низ јавниот градски превоз во Скопје“, односно за следење и планирање на автобуските рути, време на пристигнување и прегледување на автобуските станици користејќи Google Maps.
Главната функција на Aвтобуско е „планерот“ со кој одбележувате од каде до каде сакате да одите, и тој ви го прикажува времето на автобусите, кој автобус ви е потребен, и колку станици има користејќи ја мапата. Проблем со апликацијата може да биде времето на пристигнување на автобусите, мало задоцнување може да го измести планерот.
Друг проблем, што е заеднички на сите апликации претставени на One Android натпреварот, е што ги нема на Android пазарот за брзо и лесно инсталирање. За да ја инсталирате ќе треба да одите на сајтот на One, па да барате Android натпревар, па да пребарува во листата со 64 апликации за да ја најдете правата апликација, па тогаш да ја инсталирате. Тотално непотребно.
Најди Автобус
… e слична апликација како Автобуско, основна функција е планерот кој користи Google Maps. Се разликуваат во дизајн на интерфејсот, и мали детали во функционалност. Барем македонските Android корисници имаат избор меѓу овие две интересни апликации. Најди автобус беше наградена со 6-тото место на One натпреварот.




Коментари
13 коментари
Коментарите се затворени.