Зошто се користат контејнери за блокада на булеварот „Цветан Димов“ кај Бит-пазар во Скопје, и зошто се рутираат автомобилите накај турска чаршија? Масовнa тепачка? Полиција нема. Што се случи на Бит-пазар, недела во 14:30 часот?
Првите информации дојдоа од Twitter, поточно од Борис Ристовски кој го следеше случувањата од кров на зграда, „мрзне“ и освен по некоја информација, има и фотографии од случувањата користејќи го својот мобилен телефон. Сите овие информации доаѓаат пред да се појави полицијата на местото, и доаѓаат пред некој медиум воопшто да информира.
Ова е граѓанско новинарство.
не е готово, направиле барикада сега на булеварот.. ајде бе новинари бекнете нешто :) #bitpazar #opsada
веќе ни петарди не се пукаат (валда за да нема забуна), само гласни извици, на албански #bitpazar http://twitpic.com/3hfzff




Коментари
14 коментари
Коментарите се затворени.