6 коментари 1 мин. читање

Случајна грешка откри нови Facebook опции

Also, some internal prototypes were exposed to people and resulted in us disabling the site briefly. It’s now back to normal.Thu Dec 16 22:17:14 via HootSuite


Дел од корисниците во тој временски период успеаја да го видат новиот интерфејст за прегледување на фотографии. A дел имале можност да се логираат како „профил“ или „страна“, вели Бурхан Османи во коментарите подолу. Најверојатно се работи за можност да се разликува индивидуален коментар или официјален на страна коментар.

Исто така случајно прикажаниот прототипи е новиот дизајн на Facebook фан страните кој сега наликува на новите профил страни со табовите на левата страна под сликата, и со почестото промовирање на локацијата. (слика од Mashable)

Некои корисници и забележале „Memories” опција за прикажување на сите детали од стартување на нивниот Facebook профил, како број на закачени слики, број на статуси, пријатели… (слика од ZDNet)

Твит од @casschin прикажува опција „Outside World” за филтрирање на корисничкиот стрим за вести. Најверојатно се работи за филтер кој ќе ги поврзе RSS каналите на сајтовите, кој ќе ги донесе линковите и информациите од надворешни сајтови во кориснички стрим за вести.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top