2 коментари 2 мин. читање

Нов живот за Skyrim

Насловот е од двосмислена природа. Од една страна, мислиме на Remaster/ Special Edition, надградената и, дефинитивно, графички разубавената верзија на основната игра, која доаѓа со трите додатоци. Но, таквото нешто нема да биде достапно сè до 28 октомври, а постојано гледање на следниот трејлер дефинитивно нема да вдише нов живот во играта.

Она на што навистина би сакале да го насочиме вашето внимание на Enderal – мод на кој е работено со години. Целосна конверзија на Skyrim за која може да се каже дека е нова игра во игра.

Enderal ве вовлекува во целосен континент, чија големина е скоро идентична со таа на континентот во Skyrim. Од естетска гледна точка, авантуристичкиот дух ќе го негувате низ лавиринт од пустини, џунгли и градови, што е навистина освежувачко и e одлична алтернатива на студените северни краишта во Skyrim.

Навлезете во епицентарот на овие места и ќе се соочите со бројни главни и споредни потраги, поразличен систем за надградување вештини, невообичаени непријатели, оружја и оклопи. Да не ни зборуваме за професионалната посвета на актерите кои го позајмуваат гласот на бројните NPC ликови. Земајќи го сево ова предвид, лесно можете да заборавите дека играте мод, а не нешто повеќе од тоа.

Доколку му пружите шанса, Enderal ќе ве забавува 50+ часа, а во случај да се чувствувате удобно со германскиот јазик, модот можете да го искусите и на тој начин. Подразбирливо, Enderal не функционира без Skyrim, што значи дека потребно е претходно инсталирање на клучната игра.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top