Facebook и Unity ќе се обидат да му конкурираат на Steam

Image courtesy of YouTube

Најголемата друштвена мрежа Facebook и креаторот на  бесплатниот систем за развој на видеоигри Unity, најавија партнерство. Компаниите, најавуваат заедничка платформа за PC гејминг.

„Најголемата платформа за развој на 2Д, 3Д, VR и AR видеоигри, Unity, и Facebook започнаа соработка која ќе го зголеми бројот на Facebook-алатки за развој, и услуги кои на развивачите во Unity ќе им овозможи нов начин да допрат до милионите гејмери на Facebook. Unity  ќе интегрира поддршка за Facebook-платформата, вклучувајќи ја и новата гејминг платформа која е во развој.“, соопшти Facebook.

Партнерството ќе им овозможи на развивачите на видеоигри кои го користат Unity, поедноставно да ги експортираат игрите на социјалната мрежа. Facebook има над 650 милиони корисници кои секојдневно играат некоја од facebook-игрите.

Најверојатно ова е сигнал дека Facebook сака да се обезбеди дека на сопствената платформа ќе има доволно игри за Oculus VR, но и можна најава за конкурент на Steam.

Unity е енџин за повеќе платформи, развиен од Unity Technologies во 2005 година, напишан е во C, C++, C#, JavaScript (за UnityScript) и Boo (за Unity API). Акцентот на овој систем е на портабилноста.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk