0 коментари 1 мин. читање

Runkeeper ќе креира виртуелни клубови за трчање

Кога луѓето започнуваат со вежбање, можеби најважно е одржувањето на мотивација. Популарната фитнес апликација Runkeeper додаде нова функционалност Running Groups, чија цел е креирање на група за трчање, а со тоа посветување внимание и на социјалниот дел од трчањето.

Корисниците можат да направат групи за трчање, налик на виртуелни клубови, во кои можат да членуваат до 25 членови. Членовите на групата добиваат нотификација кога некој од членовите ќе заврши со трчање и можат заслужено да се пофалат по завршување на трчањето. За ова, како и за договарање, апликацијата овозможува испраќање на пораки директно во групите, што ќе им помогне на корисниците да пронајдат друштво или мотивација, кога не сакаат да трчаат сами или кога се помалку мотивирани.

Групите нема да бидат долго-очекувана функционалност за корисниците кои претпочитаат да трчаат сами, но за оние кои си бараат друштво или трчаат со клуб, Running Groups е одличен додаток.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top