0 коментари 3 мин. читање 28 јули, 2016

Ice Bucket Challenge помогна за важно медицинско откритие

Се сеќавате на Ice Bucket Challenge кога сите се полеваа со ладна вода? Овој виралeн предизвик сега ги даде првите резултати. Благодарение на парите соберени со „слактивизам“, истражувачите успеаја да го пронајдат генот кој е поврзан со појавата на амиотрофична латерална склероза.

Предизвикот започна во летото 2014 година, и го привлече интересот на сите, ширум светот вклучувајќи ги и лидерите во ИТ индустријата. Сатја Надела, Тим Кук, Марк Закерберг, Бил Гејтс и Лари Пејџ се полеваа со ладна вода, а малку подоцна предизвикот стигна и до локалната „сцена“ во Македонија. Иницијативата освен ИТ секторот ја поддржаа и куп јавни личности, спортисти, глумци, но и граѓаните.

Целта на полевањето со ледена вода беше да се зголеми свеста за болеста амиотрофична латерална склероза (ALS) позната и како Лу Гарет болест. Предизвикот се одвиваше на следниот начин: откако предизвиканиот се полева со ладната вода одбира три нови луѓе кои треба да го направат истото во следните 24 часа или да донираат 100 долари за борба со болеста. Се разбира најголем дел од предизвиканите се поливаа со речиси замрзнатата вода и донираа пари за кампањата. Иницијативата успеа да собере над 100 милиони долари за 30 дена и околу 115 милиони вкупно, а тоа беше доволно за финансирање на повеќе проекти.

Еден од поддржаните проекти е Project MinE, чиј тим објави дека го пронајдоа генот одговорен за наследната ALS. Само 10 отсто од луѓето заболени од ALS ја имаат наследната форма, а генетичарите веруваат дека гените имаат многу поголема улога. „Ова е многу возбудливо бидејќи им покажува на сите кои донираа за ice bucket предизвикот дека нивната донација има влијание во истражувањето. Она што го работи Project MinE е навистина важно и ќе ни помогне подобро да ја разбереме болеста.“, вели Брајан Фредерик од ALS Association, пренесе Guardian.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top