0 коментари 1 мин. читање

Наградниот фонд на Dota 2 International 2016 надмина рекордни 18,7 милиони долари

Valve продолжува да ги соборува сопствените рекорди. Откако минатата година успеа да собере над 18,4 милиони долари за наградите на Dota 2 International, оваа година надмина 18,7 милиони долари и сè уште расте. Фондот за награди доаѓа од корисниците кои секоја година купуваат виртуелни билети. Оваа година за финансирање во фондот Valve продава Battle Pass и Compendiums за Dota, a 25 отсто од секоја продажба одат во наградниот фонд.

Ова се одлични вести за љубителите на Dota 2, но и за македонските гледачи кои за прв пат на волку голем натпревар ќе имаат локален херој, Мартин Саздов – Saksa и тимот на Digital Chaos.

Играта има неколку пати поголем фонд од најголемиот конкурент League of Legends, иако оваа игра има повеќе играчи. Сепак, што е поголем бројот на игри кои организираат натпревари, тоа подобро за развојот на е-спортот. На Riot Games и на Valve од неодамна им се приклучи и Blizzard, кој со Overwatch претендира да го загрози приматот на League of Legends и Dota како најдобра игра за е-спорт.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top