8pen е доста чудна тастатура, но во секој поглед покул и погик од стандардните. Имате четири оски околу кои се распределени буквите. Вие ја одбирата буквата според правецот на движењето и 4-те полиња меѓу оските. Пример за да искуцате g почнувате од центар, се движите во насока на часовник до третото поле. Ако сакате x тогаш почнувате од центар, се движите обратно од насоката на часовник и одите само до второто поле. Можеби е подобро да го погледнете видеото. :)
8pen моментално е достапна за Android телефоните, а најавена е и за iOS.
(tnx до Горјан)
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.