4 коментари 2 мин. читање

Каква цена треба да има софтверот во Македонија?

Затоа Zimrie, член на форумот, отвори дискусија и праша колку, според .мк стандардите, треба да биде цената на софтверот.

Според неколку члена тие ако Windows 7 Home изданието е околу 3.000 денари, тогаш тие би платиле за софтверот. Според други, цените треба да се според стандардите.

„Па спрема нашиот стандард би требало да се по 30-ина евра. Ако имаме некогаш 1.000 евра просечна плата, тогаш ќе може да се издвојат 150-200 евра за оперативен систем.“ вели Olikomerc.

Но според некои членови, .мк менталитетот е таков што и софтверот да е евтин, сите ќе го пиратираат.

„Едно нешто да ни биде јасно: ние имаме друг менталитет американците друг. Ако во Македонија лиценциран Windows 7 ќе биде и 500 денари, а пиратскиот 150 денари секој пак би го купил пиратскиот или би го земал од торент да не дава 500 ден. за нешто што му е најпотребно.“ вели Supporter.

Lynx пак дава контра-аргумент на целата тема, вели зошто пак би некоја компанија привилигирала „банана република“ наместо развиена земја?

DynamicMK се сврте кон реализирање на проблемот со интересна идеја врзана со политички користениот поим „земја на информатичари“.

„Не знам колку Microsoft може да ни помогне. Би можело да е 10 пати поевтино меѓутоа остатокот да го покрие државата ако смета дека треба да го направи тоа. Друго решение мислам дека нема.“ вели тој.

Од друга страна пак, ако ти дадам тебе и другите ќе сакаат нели?

„Кога ќе завршиш со дигање пароли “долу за цените на MS”, префрли се пред Porsche Македонија, да ги намалат цените на Audi, VW и Шкода, да ги направат по 2.000 евра нови, за нашиот стандард, после прошетај се пред влада и министерства, да ги намалат цените на станбениот простор, согласно со нашиот стандард. После ќе видиш дека многу кај нас користат Adobe и Аutodesk програми, ќе идеш ли и кај нив да мрчиш за цените, кога на Photoshop цената е $900, и Maya е $2.400, да ги прилагодат за нашиот стандард.“ вели FiC DoGG.

интересната дискусија продолжува на форум.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top