0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Побрзај и аплицирај за Western Balkan Startups

Western Balkan Startups организира обука за млади претприемачи од регионот. Курсевите се дизајнирани од британската агенција за иновации Nesta, а ги организира British Council. Тренингот се одржува од 10 до 23 јануари во Holiday Inn, Скопје, а можат да се пријават заинтересирани помеѓу 21 и 30 години кои имаат солидни познавање од англиски јазик. Најдобрите ќе добијат финансиска поддршка или можност за претставување на своите идеи во Лондон.

Работилницата овојпат е наменета за креативци од секторите мода, дизајн или технологија кои вообичаено имаат недостаток на бизнис вештини потребни за претприемништво или за основање на компанија. Работилниците се интерактивни, а курсот е составен од повеќе вежби. Дел од предавањата се за интелектуална сопственост, бизнис вредности, моделирање на доказ, профилирање на корисници и финансиско моделирање. Крајниот рок за пријавување е 31 декември и со оглед дека нема многу време ако сте заинтересирани најдобро да се пријавите веднаш.

Стартапи од Западен Балкан дали сте за предизвик?Следете ги овие 4 чекори и зграбете ја можноста да го однесете вашио…

Posted by British Council Macedonia on Monday, December 28, 2015

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top