0 коментари 1 мин. читање 28 декември, 2015

Alibaba инвестира 1,25 милијарди долари во сервис за достава на храна

Кинескиот гигант Alibaba се согласи да инвестира 1,25 милијарди долари во ланецот за достава Ele.me, јави Reuters. Во превод, името на сервисот значи „Гладни?“. Со ова Alibaba ќе стане најголем инвеститор во стартапот и ќе добие 27,7 отсто од акциите на Ele.me. Инвестицијата е продолжување на праксата на најголемата кинеска продавница за offline-to-online стратегијата која овозможува спојување на потрошувачите со обичните компании преку онлајн сервиси.

Инвеститори во Ele.me се и JD.com, Dianping и Sequoia Capital. Интересно е што со оваа инвестиција Alibaba има удел во сервисот за попусти за храна Koubei и такси сервисот Didi Kuaidi, па со трите заедно може да креира сервис за достава на храна кој во целост ќе биде во нивна сопственост.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top