0 коментари 2 мин. читање 23 декември, 2015

Како и нас, и роботите учат од туторијали на YouTube

Роботите развиваат слични навики со луѓето. Како и секој збунет корисник кој не ги знае сите детали за рецептот или најдобриот начин да склопите плакар, така и роботите ќе одат на YouTube за да учат од видео туторијалите. Најверојатно доколку веќе сте биле на YouTube во потрага по помош сте забележале дека не сите видеа помагаат.

Но, за разлика од луѓето роботите можат да ги изгледаат буквално сите видеа и да креираат база од навистина корисни податоци кои се повторуваат на повеќе од туторијалите. Овој систем на учење е наречен Robo Watch и доаѓа од Универзитетот Корнел.

figure_8a_flattened

Алгоритмот кој го овозможува ова е донекаде очекуван и прилично е едноставен, иако потполната реализација без сомневање е комплексен процес. Кога роботот ќе се соочи со проблем, на пример „Како да направам омлет?“ ќе испрати барање до YouTube, од платформата ќе преземе куп видеа заедно со титл, кои понатaму ќе ги раздели на сегменти и ќе ги подреди по чекори. Овие чекори и делови понатаму се спојуваат во една целина, листа која роботот може да ја следи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top