1 коментар 1 мин. читање

Втора интернационална конференција за слободен софтвер во Приштина

Преку двата дена ќе се разговара на над 20 теми, од тема за слободната енциклопедија Wikipedia, GNU/Linux до авторски права и градење на заедници, OpenStreetMap, Sugar…

Леон Шиман ќе зборува за FLOSS во јавната администрација, Роб Сајво од Gnash проектот ќе зборува за мрежни протоколи, Мајкл Марон ќе зборува за геополитичкото користење на отворените мапи и Питар Салус, историчар на оперативен систем, ќе предава за историјата за развој на GNU/Linux.

На сајтот на конференцијата ќе бидат објавени интервјуата, предавањата и видеата… ја има и содржината од ланската конференција на која присуствуваа 500 претставници од 40 земји. Видеото подолу е од ланската конференција.

Oд Македонија ќе оди тимот на хаклабот КИКА.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top