0 коментари 1 мин. читање

Започна пријавувањето за TEDxSkopje

Но без паника, настанот ќе биде стриман во живо.

@daniol_Бројот на посетители на TEDxSkopje е ограничен на 100 затоа што така не обврзува лиценцата добиена од TED. Но ќе има live streamingThu Sep 23 10:50:53 via web

TEDxSkopje конференцијата ќе трае цел ден од 8:30 до 17:00 часот. Конференцијата ќе се состои од 4 сесии, во секоја сесија ќе се одржат три презентации во живо, од страна на најавените говорници, и по една проекција на снимена презентација од TED. За време на сесиите не се дoзвoлени дискусии и прашања од публиката.

До сега се открија само три имиња на 12 говорници. Се откри дека уметникот Никола Узуновски и веб и графичкиот дизајнер Гоце Митевски ќе бидат говорници. Останатите би требало да се откријат наскоро.

Што се однесува до изборот на публиката, од TEDxSkopje велат дека целта е и да се сподели идејата со поопширна публика.

@zuberot Идејата е луѓето во публика да со различни професии, на различна возраст … за Ideas Worth Spreading да стигнат до секого :)Thu Sep 23 10:59:50 via web

Подолу се слики од вториот промотивен TEDxSkopje настан одржан во Клубот на Новинари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top