1 коментар 2 мин. читање

#BrusselsLockdown: Белгијците одговорија со слики од мачки на потрагата по паришките терористи

Освен Франција, по терористичките напади во Париз најмногу беше загрозена и Белгија бидејќи се испостави дека групата терористи потекнуваат од Моленбек, предградие на Брисел. Во потрага по нивните соработници и поради страв, белгиските власти воведоа полициски час, започнаа да делат совети за ограничено движење и опасноста од терористички напади. Но, наместо да бидат исплашени, жителите на Белгија одговорија со инает кон теророт и почнаа да постираат слики од мачки. Мачките се директен одговор на белгиската полиција која од граѓаните побара на друштвените мрежи да не споделуваат детали за полициската акција. Наместо ова Twitter се наполни со слики на домашните миленичиња на Белгијците, иако ситуацијата е далеку понепријатна. Властите досега уапсија 16 осомничени, но трагањето по Салах Абдеслам за кој се смета дека е дел од групата која ги организира нападите во Париз сè уште е во тек.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top