0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Lynx не поканува да го прославиме Интернационалниот ден на анимацијата

Lynx Animation, студиото на македонски илустратори и аниматори, ги поканува сите креативци и љубители на анимацијата заедно да го прослават Интернационалниот ден на анимацијата на 28-то октомври. На настанот ќе биде најавено и членството при ASIFA (Association Internationale du Film d’Animation), светски распространетата организација за анимација и анимациона уметност, односно група на македонски млади уметници официјално ќе ја формираат ASIFA Macedonia.

„По повод овој ден, сакаме да ве поканиме на проекција на филмови-победници на ASIFA низ годините, како и премиерно да ви го прикажеме и teaser трејлерот на John Vardar vs the Galaxy, во продукција на Lynx Animation Studios. Ова е прв 2D анимиран долгометражен цртан филм во Македонија, исполнет со бурни авантури на главниот лик John и неговиот пријател Z’ Ark во големиот универзум! John Vardar vs the Galaxy е авторско дело на Гоце Цветановски, со арт дизајн на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо и креативниот тим на Lynx Animation Studios“, велат од Lynx.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top