ИТ настан: Започнува натпреварoт за најдобра хорор фотографија Sinister Days

во ИТ.МК

Дојде време на хорор приказни и застрашувачки фотографии од кои ќе имате ноќни мори. Време кога треба да ја покажете вашата креативност на една навистина фасцинантна тема. Започнува Sinister Days, второ издание на натпреварот за фотографија организиран од Revoshot, поточно од фотографите Јане Наумоски и Ерина Богоева.

Минатогодишниот натпревар помина одлично, со фантастични фотографии и дела од 38 автори, кои може да ги разгледате тука. Некои можеби и не беа толку страшни, некои беа навистина забавно и добро изработени, некои можеби треба да ги погледнете само еднаш и да ве извадат од памет.

Oрганизаторите ги повикуваат сите фотографи кои сакаат да учествуваат во натпреварот за најдобра хорор фотографија да ги испратат своите фотографии до 31.10 на овој линк. Потоа организаторите, Јанe и Ерина заедно со Гоце Велески ќе ги оценат и ќе ги наградат најдобрите. Првата награда ќе биде торба за фотоапарат, втората ќе биде сет од ND Cookin P филтри, а третата ќе биде креативна врвка за фотоапарат. Плус, ќе има уште неколку мали изненадувања за победниците.

Oва се некои дела од минатата година:

Dimitar-Cunga-Brain-calibration-660x439

Bobi-Kuzmanoski-The-Demon-Hunter-660x396

Ana-Angelevska-7-660x880

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments