0 коментари 2 мин. читање 19 октомври, 2015

Српскиот Strawberry постави паметни клупи во центaрот на Лондон

Strawberry, српскиот соларен полнач за мобилни уреди, ја постави својата прва паметна клупа во Лондон, пишува Startit.rs. Kомпанијата која има неколку различни полначи и веќе има поставено 17 паметни „дрвја“ во Србија, Босна и Косово, се обврза да обезбеди уште 15 паметни клупи за англискиот главен град. Паметните клупи се нов производ на Strawberry, осмислени од архитектот Милош Миливојевиќ, кои компанијата ги нарекува „технолошко решение за потребите на градовите од иднината“.

Strawberry-Smart-Bench-02

Клупата и паметните дрвја на Strawberry се всушност урбан полнач за мобилен телефон кој енергијата ја собира преку соларни панели. Има вградени USB портови и безжично полнење за различните мобилни телефони, но тоа што е интересно е што се вградени и сензори кои мерат количина на CO2, ниво на бучава, влажност на воздухот и температурата во градот. Дополнително, компанијата вели дека клупата има и социјален аспект, зближувајќи ги луѓето кои чекаат да им се наполнат телефоните.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top