0 коментари 1 мин. читање

Автономните автомобили можат да научат да возат како професионални возачи

Група научници од MIT универзитетот креира вештачка интелегенција која ќе ги научи паметните возилата да преклизуваат додека возат и да го прават ова едеднакво добро како и професионалните возачи. За сега тестовите се со играчки, но тоа што импресионира е дека откако машината ќе научи што се бара од неа, продолжува со движењето и по промената на подлогата. Во иднина овој начин на „учење“ може да се имплементира и во автомобилите, иако таа иднина може да биде далеку поради очигледниот страв за безбедноста.

Најверојатно најзаинтересирани за технологијата би можеле да бидат Google или Tesla Motors, иако и дел од остантите производители би можеле да заинтересирани за паметни возила. „Најпрво возилото учи да контролира стандардно автомобилче кое се управува бежично, кога тркалото оди надесно возилто врти десно и слично, но потоа мора да ги користи резултатите од симулациите за да определи кои какви корекции мора да бидат направени на забрзувањето и насоката како одговор на недостатокот на посакуваното триење помеѓу подот и тркалата“, вели Gizmodo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top