0 коментари 2 мин. читање 7 јули, 2015

Победникот на Business Wall of Fame Macedonia е…

Безжично управување на уредите од домот е победник на Business Wall of Fame Macedonia. Интернационалниот натпреварот е организиран од Deutsche Telekom, односно локалниот од Maкедонски Телеком, и има за цел да ги промовира иновативните решенија за Интернет на нештата.

Побеникот BCON Wireless Socket на SMD Smart Electronics е всушност паметен штекер, или подобро кажано додаток на штекерот, преку кој може да се контролираат другите домашни уреди. Додатокот на кој се приклучени другите уреди се контролира преку мобилна апликација. Идејата е дека ваква контрола преку паметен штекер, односно преку апликација може подобро да се менаџираат домашните уреди и електричната енергија што ја користат. Компанијата ќе добие маркетинг кампања од 30.000 евра од Македонски Телеком.

Покрај BCON Wireless Socket, на натпреварот имаше уште четири македонски решенија за Интернет на нештата. Тоа се Agro IT, решение за менаџирање на фарма со помош на сензори и паметни телефони; IP Home and Office што е решение за управување на домашни уредипреку WiFi, Lan и GSM мрежа; Интелигентен омекнувач е решение за омекнување на тврда вода со помош на сензори и аларми; и Fueloyal, стартап кој има прототип на паметно капаче за камиони преку кое се менаџира горивото и се спречува кражба на гориво.

На натпреварот беше доделена награда и за „најдобар поддржувач на националното деловно решение за Интернет на нештата“. Наградата е доделена на Градежен институт Македонија АД во вредност од 20.000 евра на национална кампања.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top