PayNet.mk се обложува дека ќе биде попопуларен сервис од банките кога е во прашање плаќањето на сметки. Сервисот нуди плаќање преку физички терминали поставени низ Скопје, подоцна и низ другите градови, преку кои се нуди плаќање на разни услуги – од режиски сметки како водовод или интернет кај одредени компании, до плаќање на данок и казни. Преку физичките терминали сметките се плаќаат во готовина или платежна картичка, иако PayNet.mk вели дека може да се отвори „е-паричник“ кој се полни со пари што може да се искористат подоцна. Нема многу разлика од банка, иако PayNet.mk инсистира дека со нивните терминали корисниците нема да чекаат редица пред шалтери.
Но, терминалите се физичко плаќање со кеш не се воопшто иновативни. Носење кеш сега е непотребно, и постои проблемот на лоцирање на терминалите кои се на разни места низ Скопје. Зошто би одел до терминал да платам со кеш, кога можам да платам онлајн од дома?
Сепак, сервисот преку нивниот E-паричник нуди плаќање на сметки преку сајтот или преку мобилна апликација за Android и iOS. Иако банките и јавните компании веќе нудат плаќање сметки онлајн, проблемот е што сите се на различни сајтови. Ако сакате да платите сметка за интернет од Телеком, плаќањате преку сајтот на Телеком; ако сакате да платите струја, одите на сајтот на ЕВН итн, итн. <поправка> Како што забележа Ивица во коментарите, преку сајтовите на банките може да се платат сите сметки преку еден сајт, иако некои банки немаат кој знае колку добар интерфејс, често и бараат ексклузивно користење на Internet Explorer за тие услуги. </поправка> PayNet можеби треба да биде едно oнлајн место за плаќање на сите сметки, како што се обидуваат да бидат преку 2.000-те физички терминали кои планираат да ги постават низ Македонија.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.