0 коментари 2 мин. читање 2 јуни, 2015

Nvidia објави графичка картичка за 4К и гејминг со виртуелна реалност

Nvidia ја претстави новата графичка карта GTX 980 Ti што всушност е претходниот „flagship“ на „стероиди“. Картичката ќе овозможува Witcher 3 да ја играте на 4К резолуција или за споредба Project Cars на GTX 680 ќе може да се игра со едвај подносливи 19 fps, а на GTX 980 Ti, 47 fps.

Каричката е со Maxwell архитектура, подржува DirectX 12 и доаѓа со 6GB РАМ. Новата генерација на Maxwell чипови овозможува и поголема економичност кога е енергијата во прашање, па енергијата потребна за функционирање на оваа картичка е половина од онаа која беше потребна за претходините картички кои доаѓаа со првата верзија на Maxwell чипови. GTX 980 Ti доаѓа со 8000 транзистори, релиси 3000 повеќе од 5.200-те на ориганалната верзија на картичката.

Картичката доаѓа за „пристојни“ 650 долари, што и не е премногу кога е во прашање „flagship“-графичка карта. GTX 980 доаѓа ќе доаѓа спакуван заедно со Batman Arkham Knight. Titan X е сè уште најмоќната графичка картичка достапна на корисниците, но таа чини 1000 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top