Безжично управување на уредите е уште едно македонско решение за Интернет на нештата

во ИТ.МК

BCON Wireless Socket е уред од SMD-Electronic од Скопје, кој овозможува бежична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или компанијата, со помош на паметен телефон.

BCON е своевиден паметен штекер или проширување на штекерот, а преку вклучување и исклучување на струјата овозможува управување со уредите. Ова овозможува контрола и заштеда на енергија дури и кога корисникот е далеку од домот. Се што е потребно е уредот да е вклучен во штекер и интернет врска, а понатаму преку апликација и паметен телефон може да се управува со сите паметни уреди во домот кои се приклучени на BCON.

Уредот води по гласови од корисниците на македонскиот натпревар, дел од интернационалниот Business Wall of Fame натпревар на Deutsche Telekom. Натпреварот има за цел да ги собере најинтересните проекти за Интернет на нештата, со ветување дека ќе ги промовира победниците во 30.000 евра вредна маркетинг кампања преку Македонски Телеком. Покрај безжичниот штекер, на натпреварот имаше уште два македонски проекти – Интелигентен омекнувач кој ја омекнува тврдата водата која е неповолна за домашните уреди; и Fueloyal, хрватско-македонскиот стартап кој има направено паметно капаче за гориво, наменето за камионите и големите превозници. Победникот ќе биде прогласен на 6-ти јули од жири.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments