0 коментари 1 мин. читање 22 мај, 2015

ИТ настан: Битолското студио Kamai ве предизвикува на Call of Duty 4 турнир

Дали сте сметате дека сте добри во Call of Duty? Тогаш Kamai Media ве предизвикува на Call of Duty 4 Summer Tournament 2015, кој ќе се одржува секој петок во текот на летото.

Сите кој сакаат да ги предизвикаат Kamai можат да им испратат порака на Facebook страната, а освен добра воља потребно е да можете да патувате до Битола каде се наоѓаат канцелариите на Kamai. Тимовите ќе бидат составени од три играчи кои ќе се натпреваруваат во 8 stage „deathmatch“. Натпреварите се одржуваат во петок од 16 до 20 часот. Еве го планот на Kamai во четири точки: 1. Составете тим од 3 играчи на COD 4; 2. Предизвикајте го тимот на Kamai; 3. Дојдете во канцеларија; 4. Ќе бидете поразени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top