Советот на Европа сака да тргува со интернет неутралноста, вели La Quadrature du Net

Во нов документ од европските законодавци нема ниту збор за заштита на интернет неутралноста. Документот протече во јавноста благодарение на La Quadrature du Net, француска организација која се залага за дигитални права. Според организацијата, Европската унија „ќе ја погази интернет неутралност“ заради компромис со телекомуникациските оператори кои ќе прифатат намалени роаминг цени, одноно крај на роаминг услугите.

Во текстот, напишан од претседателството на Советот на Европа, во моментот Латвија, интернет неутралноста е потполно отстранета, и не се спомнува во ниту еден негов член, а целосно се избришани членовите кои се однесуваа на заштита на интернет неутралноста и начинот на кој пакетите пристигаат до корисниците. Идејата зад интернет неутралност е да гарантира еднаков пристап на сите сервиси, и да спречи монополизација од страна на компаниите што можат да платат. Иновативноста е еден од оснивните начела зад интернет неутралноста, иако според La Quadrature du Net, Европа е подготвена да го направи спротивното и да ги стави големите оператори како „чувари на вратата кон Интернет“.

Дел од промените кои ги пренесува Ars Technica, велат дека досегашниот Член 1 од Анексот, кој гласи: „Регулаторот воспоставува правила со цел да се обезбеди отворен интернет пристап кој го нудат провајдерите на електронски комуникации на јавноста, ги штити правата на крајните корисници и обезбедуба недискриминиран проток на сообраќајот“, ќе биде променет во новиот Член 1: „Регулаторот воспоставува правила за да обезбеди отворен пристап до интернет.“

Членот 2 кој ја дефинира интернет неутралноста „Принцип на кој целиот интернет сообраќај се третира еднакво, без дискриминација, ограничување и пречки, без разлика на испраќачот, примачот, типот на податоци, содржина, уред, сервис или апликација“ е избришан во целост.

Иако предлогот на Советот нема обврзувачки карактер, и е спротиставен на односот на Европскиот парламент каде пратениците се обидуваат да го вметнат интернет неутралноста во дигиталните закони; документот јасно покажува дека во ЕУ претстои битка за интернет неутралноста. Досега Европската комисија и Европскиот парламент го штитеа правото на недискриминиран интернет, но ова е првпат некој од органите на Европската унија во целост да ја „заборави“ интернет неутралноста.

„Неприфатливо е советот, вклучувајќи го и латвиското претседателство, ги заборава позициите на Европскиот парламент. Неприфатливо е советот да биде на страна големите и економски моќни оператори на штета на граѓаните и малите и средни компании. Европската унија сега има можност да го потврди своите вредности, човековите права, доколки Советот не ја искористи оваа можност, ЕУ ќе доцни зад САД каде Федералната комисија за комуникации ја поддржа идејата интернет неутралност“, вели La Quadrature du Net.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments