0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Во Маврово ќе се одржи работилница за стартапи, Traction Camp

Во тек е аплицирање за бесплатната три-дневна работилница Traction Camp на која 25 основачи на стартапи од регионот ќе имаат шанса да работат со искусни ментори и претприемачи. Настанот, организиран од USAID-REG во соработка со NewMan’s Business Accelerator и CCC Startups има за цел да ги подучи стартапите како да направат анализа на пазарот и на потребите на клиентите, да ги подобрат своите вештини во презентирање и да научат како да користат метрики за својот продукт.

Ментори на настанот се регионални и странски претприемачи како: Шира Ејбел oд Hunter & Bard; Ејлина Адамс oд SVConnect; Елина Желева oд бугарскиот Designthinking.bg; Витали Голомб и Макс Гарвитс oд CCC Startups; и Дмитри Матскевиќ oд Flocktory. Овие претставници на бизнис заедницата имаат за цел да ја доближат Силициумската долина до Европа, велат од NewMan’s.

Настанот е закажан од 9-ти до 11-ти јуни во Маврово, но пријавувањето е во тек. Повеќе информации на официјалниот сајт.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top