0 коментари 1 мин. читање 14 мај, 2015

Огнен Јанески: Комуникациските вештини им се потребни на студентите

На неодамнешно предавање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), новинарот и ТВ водителот Огнен Јанески говореше пред студентите зошто таканаречените „soft skills“ му се потребни на секој, посебно на ИТ студентите. На ИТ факултетите не се предаваат комуникациски вештини, што е и мотив да се организира предавањето, иако тие вештини се клучни. Секој треба да знае да зборува со самодоверба и да остави добар прв впечаток, пример кога ќе се отиде на интервју за работа, кога треба да се најде тим за проект, да се претстави идеја пред јавност, или да се продаде бизнис пред инвеститори. Предавањето е организирано од група студенти-ентузијасти од ФИНКИ, под менторство на професорот Владимир Трајковиќ. Целото предавање е објавено на YouTube:

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}