0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Што е „Интернет на нештата“ и како може да ви донесе маркетинг кампања од 30.000 евра?

Интернет на нештата (IoT) е концепт кој ветува дека во иднина сите уреди ќе бидат поврзани со интернет и ќе зборуваат меѓу себе. Идејата, која полека станува реалност со паметните уреди, вели дека поврзаните машини можат да бидат многу поефикасни од луѓето, да ги вршат и да внимаваат на оние работи кои се монотони и досадни за луѓето. Дека машините можат да ги ослободат луѓето да го прават тоа што машините (се уште) не можат – да бидат креативни.

Но, засега, поради техничките и финансики потреби, работата со M2M решенија, или Machine2Machine, е главно водена од компаниите. Затоа и меѓународниот натпревар на Deutsche Telekom ги кани првин нив, компаниите, да понудат креативно IoT решение кое ќе го наградат со маркетинг кампања вредна 30.000 евра и партнерство со Македонски Телеком. Секако, на Business Wall of Fame поканети се сите развивачи кои имаат готови М2М решенија за поврзани машини кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници; иако предизвикот за индивидуалните девелопери може да биде преголем залог, не заради тоа што тие не се иновативни, бидејќи ќе имаат конкуренција од поголеми тимови.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top