0 коментари 2 мин. читање 30 март, 2015

Со неофицијална екстензија може да гледате Meerkat видеа и на Chrome за десктоп

Популарната Meerkat која ги заведе мобилните корисници сo кратко-трајни видеа, сега пристигна и на прелистувачите. Станува збор за неофицијална верзија на апликацијата за Chrome, која на прелистувачот доаѓа како екстензија.

Meerkat е нова мобилна апликација која стана една од најпопуларните и најпреземаните апликации на AppStore, бидејќи понуди да стримате видео во живо. Сервисот е налик на Snapchat бидејќи споделената видео содржина по завршувањето на стримот прекинува да постои.

Екстензијата дури и нуди поголема функционaлност од апликацијата, што и не е преголемо изненадување со оглед на тоа дека сепак станува збор за далеку поголем екран. Така од прелистувачот корисниците можат да: коментираат, ретвитаат и да одберат „ми се допаѓа“ за видеата без да го напуштат стримот. Доколку стримот е здодевен екстензијата нуди можност за пронаоѓање на нов стрим по случаен избор.

Популарноста на Meerkat придонесе за кус период да бидат изработени куп апликации, чија функционалност во добар дел е вградена во екстензијата. Meerkat Hunts е веблокацијата која би требало да ја постетите доколку сте зависник од Meerkat, а апликациите овозможуваат куп дополнителни функционалности од следење на Meerkat стрим за Android, до снимање на стримот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top