Европскиот суд на правдата и Европската комисија излегоа со невообичаен став откако дојде до несогласување поради договорот меѓу САД и ЕУ за заштита на податоците. Според европските власти, таканаречениот „US-EU Safe Harbor Framework“ за пренос на податоци не ги заштитува европјаните од шпионирање од САД. Затоа, двете институции излегоа со совет за граѓаните: „Доколку имате профил на Facebook можеби треба да размислите да го затворите“, јави Ars Technica.
Одлуката на Европскиоот суд на правдата е заснована пред се на доверливите документи дека американската агенција за безбедност (NSA) го прислушува Интернетот. Документите кои ги сподели поранешнито аналитирач на NSA, Едвард Сноуден, обелоденија дека постои Project PRISM кој на американските агенции им овозможува прибирање на податоци од Yahoo, Microsoft, Apple, Google и Facebook, токму поради ова насоката на судот се однесува и на овие компании, а не само на социјалната мрежа.
За одбрана од Project PRISM, Европа започна со релизација на Safe Harbor Framework проект кој ќе им овозможи на компаниите од САД еден вид на прибежиште кое ќе овозможи трансфер на податоци без да се префрлаат истите во САД. За жал за сега станува збор за решение кое не е имплементирано.
„Safe Harbor е политичка и економска неопходна рамка за која сме во преговори и најдобро е да биде оставена во раце на комисијата која ќе се стреми да обезбеди најдобра затита на граѓаните“, велат од International Association оf Privacy Professionals.







