YouTube ќе „изнајмува“ видеа

во Веб

{mosimage} YouTube моментално разговара со холивудските студија како Sony Pictures Entertainment, Warner Bros и Lions Gate Entertainment, да овозможи опција корисниците да „изнајмуваат“ видеа односно ќе платат и ќе добијат пристап до филмот, пишува Wall Street Journal.

YouTube е на пат да стане профитабилен. Google, сопственикот на видео сервисот од 2006 година, долго време се мачеше да ги покрие загубите на огромните количини видеа кои се закачуваа. Сега не само што го најави тоа, туку веднаш се фатија за работа. Првин се објави дека YouTube ќе дели профит од рекламите со индивидуалните корисници кои имаат хит видео, а сега размислуваат и за стримање цели филмови. Иако филмовите и претходно се појавуваа на видео сервисот, затоа е и HD опцијата, сепак главно беа бесплатни филмови или тие кои дозволуваа да бидат споделувани.

Што се однесуваше до Холивуд и музичката индустрија, тие постојано беа по судовите барајќи отстранување на видеа од YouTube бидејќи ги прекршуваат авторските права. Затоа стартуваше и Hulu, видео сајт за серии и филмови, основен од филмската индустрија, а достапен само во САД.

{mosimage}

Разговорите за оваа опција се во тек, пишува WSJ. Но тоа што може да се заклучи е дека оваа опција ќе биде достапна само за жителите на САД. Но добро е што YouTube го прави тоа, бидејќи глобалната публика е дел од огромниот сообраќај на сервисот, па можеби за брзо време ќе биде достапна и во Европа.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk