5 коментари 2 мин. читање

Интернетот е на ред да каже што мисли за #бомба! Ова се најдобрите пародии, до сега…

Аферата #Бомба, која ја отвори опозоцијата, ни откри дека некој ги прислушува македонските граѓани и политичари, но откри и неверојатни детали за како политичарите ја злоупотребуваат својата моќ и довербата на граѓаните. #Бомбата со прислушуваните разговори, чија автентичност треба да се докаже, ги демистифицира министрите како фигури на моќ, и ги претстави како ниски „човечиња“ кои сакаат граѓаните за „уши да ги носат“.

Епа, сега е ред на Интернетот да каже што мисли за манипулативните и себични политичари. За почеток феноменалниот микс на Traykoff G, преслушан околу 38.000 пати, како музика во позадина додека ги разгледувате пародиите кои станаа вирални со над стотици прегледи, ретвити, лајкови и споделувања.

Покрај саркастичните вести и наслови, кои можеби е тешко да се забележат покрај сите спектакуларни вести кои излегуваат од #бомба, беше направена и пародична Facebook група Странски служби која успеа да стане вирална, да привлече околу 9.000 фанови и да забележува над стотици лајкови на секој свој пост.

Секако, не треба да се заборави и Twitter. На оваа друштвена мрежа ќе најдете критичари на власта, но тие нема да се дерат на микрофон, туку ќе го искажат својот револт на покреативен начин.

… се продолжува…

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top