Кој ви го следи имејлот? Дознајте со Ugly Mail

Ugly Mail е екстензија за Chrome која на корисниците им овозможува да дознаат дали некоја од имејл пораките е следена пред да ја отворат. Во моментов екстензијата овозможува пријавување на корисникот и детекција на следење од Streak, Yesware и Bananatag.

„Streak им овозможува следење на поштата на корисниците, може да се види каде, кога, и кој уред се користи за пристап до пошта. Го пробав и се исплашив, затоа и одлучив да видам кој ја следи поштата од мојот inbox“, вели Сони Тјагалов, креаторот на Ugly Mail за Wired.

Сите спомнати начини на следење користат таканаречена пиксел метода. Во пораките се испраќа транспарентна слика со големина 1х1 пиксел, при отворање на поштата, сликата го „пинга“ серверот од кој доаѓа со податоци како време, локација, уред и слично. Овој начин за следење не е забранет, но податоците кои стигаат назад често се без предупредување за корисникот.

Ugly Mail за сервисите кои ги препознава како „следачи на пиксел“ овозможува барем визуелно предупредување, бидејќи прикажува слика на око до пораката. За жал екстензијата е направена единствено за Gmail и Google Chrome, но г. Тјагалов најавува дека наскоро пристигаат Mozilla и Safari верзија на Ugly Mail.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments