0 коментари 1 мин. читање

Ford претстави паметни велосипеди кои го мерат заморот на велосипедистите

Ford претстави два нови мопеди како дел од својот Smart Mobility план. Станува збор за мопеди, претставени на Mobile World Congress во Барселона, кои имаат батерија што овозможува дополнителен погон кога возачите се заморени. Велосипедите можат да се „спакуваат“ при што не се поголеми од патна торба, па можат да седат во багажникот на автомобилот или велосипедистот да ги носи во рака.

Тоа што е импресивно е начинот на кој се вклулува дополнителниот погон, кој се вклучува кога работата на срцето надминува одредена граница, со што не дозволува возачот да се замори. Како и останатите паметни уреди овозможена е интеграција со паметни телефони кои овозможуваат пронаоѓање на најкусата траса за возење, притоа апликацијата пресметува рута за автомобилот, каде корисникот ќе го паркира автомобилот и ќе продолжи со мопедот или со јавен превоз откако ќе го спакува својот мопед. За сега MoDe се во прототип фаза и нема најава за кога ќе бидат достапни во продажба.

[youtube]cGbgb2gLo0I[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top