Twitter и неговите вработени добиваат смртни закани од поддржувачите на Исламска држава на Ирак и Сирија (ISIS) бидејќи се обидуваат да ја цензурираат терористичката организација. Меѓу тие што добиваат закани е и Џек Дорси, ко-основачот на Twitter, јави Buzzfeed.
Иако Twitter има право да брише пораки, и ги брише поради тоа што од нив се промовира: говор на омраза, закани и тероризам, што е спротивно направилата за користење на друштвената мрежа, сепак ISIS верува дека на оваа „цензура“ треба да одговори со „вистинска војна“.
„Вашата виртуелна војна кон нас е причина што ние ќе одговориме со вистинска војна… Вие ја започнавте оваа војна. Ви рековме на почетокот, не е ваша војна, но продолживте да ги затварате нашите профили на Twitter, но ние секојпат се враќаме. Но кога нашите лавови ќе дојдат по вашиот последен здив, вие нема да се вратите“, вели постот на ISIS.
Од Twitter објавија дека во соработка со безбедносните служби вршат процена колку е реална заканата, а потоа ќе преземат соодветни мерки.