1 коментар 1 мин. читање

Уметничка прави мали ремек дела со едноставниот MS Paint

Миранда Лорикит од Сиднеј, Австралија, работи како помошник во човечки ресорси, но тоа што ја исполнува е уметноста. Таа успеа да направи вистински уметнички дела со една од наједноставниот софтвер на светот – MS Paint. На нејзиниот Tumblr профил LazyBones можете да ги видите фотографиите и сликите направени единствено со MS Paint. Сепак, ограничениот софтвер не ја спречува да креира навистина прекрасни дела. Таа дури има и едноставен туториал со кој на заинтересираните им го објаснува процесот на креација.

Таа најпрво одбира фотографија од кои ја креира палетата, по што ги црта контурите на пејсажот, за на крајот со алатките од MS Paint како Fill, Copy/Paste да ја заврши сликата. Сликите на Миранда Лоркит се одличен доказ дека софтверот е само алатка во рацете на уметникот и дека можеби поскапиот софтвер помага за побрзо и поедноставо постигање на ефектите, но сепак уметноста зависи само од уметникот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top