0 коментари 2 мин. читање

Yahoo со паметно пребарување

{mosimage}Yahoo! го престави Search Pad, нова алатка која овозможува да спроведете истражувачко пребарување. Со алатката, пребарувачот ќе ги памети страните кои сте ги разгледале, a nа линковите ќе можете да си напишете забелешки кои ќе ви помогнат во истражувањето. Алатката е доволно паметна да откако ќе види дека пребарувате еден ист термин или слични ви предложува да си го забележите пребарувањето.

Со вакво пребарување, нема да мора да разгледувате десетици сајтови или да пребарувате постојано меѓу другите резултати, па дури и да ги означувате како „bookmarks"… Едноставно со Search Pad ќе можете да го организирате целото пребарување и да го снимите за да го продолжите друг пат.

Yahoo веќе подолго време паѓа на пазарот на пребарувачи, посебно сега со појавувањето на Bing на Microsoft и пребарувањата во реално време. Но со Search Pad ќе има шанса да стане повторно конкурентен бидејќи за да се користи алатката корисникот треба да го користи пребарувачот на Yahoo. Покрај подолго време поминато на пребарувачот, корисниците ќе се и навраќаат бидејќи преабарувањата ќе можат да си ги снимаат.


Од друга страна и Google има објавено ваква алатка во минатото, но не успеа да ја популаризира па сега Google Notebook e недостапен за новите корисници.

Дали Yahoo ќе го стигне Google? Можеби ќе придобие одредени корисници, но одговорот е дека „Yahoo не е Google." рече Керол Бартз извршната директорка на компанијата, минатиот месец на состанокот на акционери на Yahoo. Таа тогаш рече дека Google е „само пребарувач“ и најави дека новата Yahoo стратегија ќе се сведе повеќе на давање услуги (е-маил, пораки, вести…) отколку да се впуштаат во пребарувачка трка со Google.

Слична стратегија може да се види и кај Bing пребарувачот на Microsoft, кои покрај пребарувањата нудат повеќе услуги или, како што тие го нарекоа, „Bing е пребарувач за донесување одлуки.“

Search Pad-от на Yahoo ќе стане јавна алатка во текот на денот, така е најавено на блогот на Yahoo.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top