0 коментари 1 мин. читање

До побрз интернет со совети од Google

{mosimage}Google стартуваше сајт со совети за оптимизацијата на сајтови со цел да се имаме побрз интернет.Сајтот е направен за програмерите и дизајнерите на веб сајтови и апликации за да се споделат идеите, дискутираат проблеми и советите на Google и да се едуцираат сите за начините на оптимизација на сајтовите.

Сајтот нуди туторијали, совети и алатки за оптимизација и забрзување на интернетот. Секој програмер и дизајнер може да испрати свои идеи, сугестии и прашања и да дискутира на темите. Moра да се забележи дека сајтот сепак нуди основни работи, пример, за оптимизирање на сликите тие дааат совет „сликата да се исече(crop)“. Но е одлично место за дискусија со луѓето кои се занимаваат со правење и одржување на сајтови и апликации.

Сајтот нуди и многу алатки т.е линка до многу алатки за мерење на преформансите на прелистувачите, брзаната со која се отвараат сајтовите како и брзината на интернетот. Најверојатно ќе се додадат уште туторијали и совети од Google заедно со идеите на програмерите кои имаат свој начин на забрзување на интернетот.

Во секој случај, интересен и едукативен сајт преку кој можете да го прашате Google за некои проблеми или совети при оптимизирање и забрзување на вашите сајтови.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top