Но Институтот за македонски јазик се противи на проектот на Sam велејќи дека треба да им се плати за авторските права, пренесува Дневник. Имено, голем дел од дигиталниот речник ќе содржи зборови од четирите тома од Толковниот речник на македонски јазик, толковник кој е составен од тимот лингвисти од Институтот за македонски јазик. Друг дел од зборовите ќе дојдат од Речникот на македонскиот јазик на Блаже Конески.
Sam97 се цврсти во своето верување и велат дека ќе го објават речникот.
„Прашање е кои се носителите на авторските права, дали е државата, која им дала пари или, пак, тимот што го работел речникот.“ вели Шинаси Деребеј, директорот на германската компанија.
За Институтот на македонски јазик авторските права се нивни.
„Одговорот е јасен, концизен и недвосмислен: авторските права се на авторите на Речникот и соодветно на Институтот за македонски јазик. Во четирите тома досега објавени има 200 авторски табаци и тој труд тие сакаат да го користат за свој личен профит.“ вели Веселинка Лаброска, директор на Институтот, за весникот Дневник.
Кој е всушност сопственик на македонскиот јазик? Дали ако јас направам речник со зборови и нивно значење, дали ќе бидам тужен бидејќи некој пред мене го сторил тоа, иако зборот не може да има друго значење? Интересно е што Толковникот на Институтот е спонзориран од Министерството за култура.
Еве интересна поента на блогерот Волан a.k.a Александар Димитријевиќ.
„Кој е сопственик на Македонскиот јазик – може ли оние кои секојдневно се во редовен работен однос во Институтот за Македонски јазик да бараат авторски хонорари за работа која ја извршувале додека примале плата. Зарем поради редовниот работен однос тие не ја ги пренесуваат авторските права на државата која им плаќа плати од редовен работен однос.“
Поентата е дека ќе добиеме бесплатен речник на интернет кој може да го користи кој сака и кога сака! Но ние остануваме со 4 тома Толковник кој нити сум го видел, а уште помалку користел. А вие?
Коментари
49 коментари
Коментарите се затворени.