Некои од најновите книги, кои се појавија на Audible, би можеле правилно да ве информираат за историјата на Силиконската долина, самовозечките возила, или да ве натераат да ја преиспитате реалноста во која живеете. Некои други, би можеле да ви послужат како одлична отскочна штица во светот на програмирањето. Сите од нив, со огромно задоволство би ги замениле вашите споредни активности. Пријатно слушање!
History of Silicon Valley, напишано од IntroBooks, прочитано од Трејси Тапман, 41 минута
Книга која ве информира со најосновните и најважните работи кои би требало да ги знаете за Силиконската долина. Професионалниот, непоколеблив глас на Трејси Тапман ве известува за важноста на долината, зошто е место каде најголемите ИТ умови сонуваат да работат, какви сè значења се поврзани за името и како културата, која произлегува од долината, влијае на целиот свет.
Computer Programming for Beginners – 2 in 1: Python Machine Learnig and Raspberry Pi 3, напишано од Дерек Чаплин, прочитано од Остин Р. Столер, 5 часа и 47 минути
Очигледно, за почетоците во компјутерското програмирање, потребно е нешто повеќе од пет часа, или, барем, така ветува авторот зад книгава. Дерик Чаплин прави одлична работа за минимално загребување под површината на програмирањето и ги запознава слушателите со основите за Raspberry Pi 3, машинското учење, и длабокото учење. Откако ги поставува темелите со тоа, се префрлува на основите за Python и како да се постави Python IDLE. Пријатниот глас на Остин Р. Столер ве запознава со други јазици за кодирање и опрема која најдобро работи со Raspberry Pi 3, како и на што да внимавате кога ќе наидете на некој проблем. Слушателите кои веќе поминаа низ книгата, споделија исклучително позитивни впечатоци.
Custom Reality and You, напишано од Питер Кофин, прочитано од Ерик Џејсон Мартин, 8 часа и 5 минути
Книгата првенствено се фокусира на виртуелната реалност и огромното влијание врз луѓето, особено во последните неколку години. Како се менува нашето конципирање и перцепција на реалноста? Како да се открие вистинското функционирање на реалноста во еден свет каде профитот е движечката сила?
Robot, Take the Wheel, напишано од Џејсон Торчински, прочитано од Роџер Вејн, 5 часа и 23 минути
Нема ништо неспектакуларно со самовозечките возила. Автомобилскиот експерт, Џејсон Торчински, е повеќе од свесен за фактот дека набргу автономните возила ќе се најдат на секоја улица во Америка. Со неговата најнова книга, Џејсон го објаснува развивањето на автономните возила и нивни бројни примени. На автомобилите гледа како на целосно нови машини и размислува за тоа како би луѓето функционирале со ваквите роботи, што сè би можеле да работат и што сè би можело да се очекува од нив. Интересни размислувања, одлично претопени со моќните наративни способности на Роџер Вејн.
Machine Learning for Beginners, напишано од Скот Честертон, прочитано од Мајка М. Ховери, 3 часа и 36 минути
Книга која се препорачува на сите оние кои лесно се збунети од термини како машинско учење, вештачка интелигенција, или длабоко учење. Скот Честертон произлегува со кратка книга, целосно фокусирана на потребата на почетниците за да се расчистат основите за машинското учење, различните алгоритми и платформи кои се користат. Заинтересираните можат да слушнат и како таквите апликации влијаат на светот и различните полиња и на кој начин може вештачката интелигенција и длабокото учење на нѝ помогнат подобро да ги разбереме најновите технологии.
5 најнови аудио книги за ИТ индустријата #1