3Д принтерот кој сака да биде достапен за сите собра 2,6 милиони долари од Kickstarer

во Хардвер

Micro 3Д принтерот за кој неодамна пишувавме кој успеа да се финансира за рекордни 11 минути, успеа да собере 2.62 милиони долари со 23 дена до крај на кампањата. Micro 3D не е првиот успешен 3Д принтер на Kickstarter, пред него свои проекти имаа FORM 1, Buccaneer и RigodBot 3D кои исто така успејаа да соберат над милион долари за своето финансирање. Сепак доколку фиансирањето продолжи, Micro 3D може да стигне до сума од над пет милиони долари што досега не е достигната за ваков проект. Ова го покажуваат и податоците како времето потребно за 1 милион, 25 часа што е за 2 часа покусо од Pebble на пример, но сепак далеку од 8.22 часа кои и беа потребни на Ouya.

Широкото прифаќање на проектот пред се е поради достапноста и едноставноста на Micro 3D како и желбата 3Д принтањето да биде направено достапен до сите. Друга голема предност секако е цената од 199 долари која е навистина ниска кога се во прашање ваквите уреди. За жал принтерите за 199 долари веќе не се достапни па како дел од кампањата сега се достапни за 299 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk