The European Tech5 ги избра најбрзорастечките европски стартапи

во ИТ.ЕУ

Како дел од Европската конференција на The Next Web беа избрани најбрзо растечките стартапи во Европа. Листата е креира врз основа на профитот кој го направиле компаниите, сообраќајот и бројот на вработени во периодот од 2011 до 2013 година. Доплнителни услови се дека стартапот мора да започнал по 2009 година и во 2013 да имал заработка од над 500.000 евра. Конечно главниот услов е компанијата да има креирано продукт или услуга од областа на техниката.

Иако стартапите се прегледувани на европско ниво, сепак се избрани најдобрите пет од седумте најуспешни земји. Еве ги најдобрите:

  • Во В. Британија – За набрзорастечки стартап е прогласен Hailo London со 4.003 отсто стапка на раст. Станува збор за креаторите на апликацијата The Black Cab App со која корисникот може да повика такси кое ќе биде на неговата локација за 2 минути. Иако започна како лондонска, денес апликацијата е достапна во 13 светски метрополи.

[youtube]KMbHfmISe1w[/youtube]

  • Во Белгија – Showpad има 700% раст со својата апликација наменета да ги подобри продажбите преку облак и мобилни решенија. Преку облакот сите продажби и податоци се синхронизирани до тимот за да може да биде синхронизиран и продуктивен.
[youtube]MiV482yC56U[/youtube]

  • Во Франција – Leetchi е стартап кој собира пари од групни подароци и настани, пример ако сакате да купите нешто за роденден, но пријателите ви се во други градови, стартапот функционира како сметка преку која се собираат пари.
[youtube]MiV482yC56U[/youtube]

  • Во Германија – Run a Shop има неверојатен раст од 8357%, благодарение на својата платформа да стартувате продавница со помош на партнери и придружници.
  • Во Шведска – МAG Interactive е најдобар стартап кој креира мобилни игри за своите 50 милиони играчи за различни платформи. Нивната игра Ruzzle беше број 1 игра во Apple App Store и Google Play во 100 земји, односно 30.

  • Во Шпанија – Akamon Enterteinment е најдоброто онлајн казино во Јужна Америка и Латинска Америка. Покрај веб верзиите, казиното нуди игри и за мобилните игри.
[youtube]BIrh517hS7k[/youtube]

  • Во Холандија – Eyefreight е стартап кој нуди софтверски решенија за глобална логистика на локални компании. Преку облакот, компаниите можат да ги менаџираат сите потребни документи и да ги следат пратките, со надеж дека притоа ќе заштедат на време и пари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk