0 коментари 3 мин. читање 11 јули, 2013

Samsung го претрка Apple во користење на интернет преку паметни телефони

Откако го претрка Apple со продажбата, Samsung сега успеа да го помине и на листата за намногу интернет сообраќај од паметните телефони. Samsung телефоните се најкористени на интернет од јуни и земаат 25,47 отсто од интернет сообраќајот, пред Apple со 25,09 отсто. По подолго време, во последните два месеци пораст на сообраќајот бележи и финскиот гигант Nokia, 21,96%, иако е со значителен пад во изминатава година, вели анализата на StatCounter.

Бројките покажуваат дека пред една година најкористени на Интернет биле телефоните на Nokia, со 28 отсто пред Apple со 25,43 и Samsung 19,46 отсто. Новогодишната продажба драстично ги промени работите, па од јануари од најкористен Nokia падна на трето место и дури сега успева повторно да врати дел од своите корисници.

Ако во светски рамки Samsung успава да му парира на Apple, во САД тоа сè уште не е случај. Аpple има убедливи 50,45 отсто од сообраќајот, а Samsung e втор со 12,65 отсто, што представува пад од 18,3 проценти пред една година.

Покрај ова, статистиката се однесува и на прелистувачите. За прв пат Google Chrome успеа да го помине Internet Explorer во САД и сега е најупотребуван прелистувач и таму. На светско ниво Chrome го задржа приматот на најупотребуван прелистувач, зголемуваќи ја предноста пред конкурентите. Интересно растот на Google Chrome (на 42,68 отсто) пред се се должи на префрлање на корисниците од Internet Explorer (пад од 32,04 на 25,44%) и Mozilla Firefox (пад од 23,73% на 20,01%), Safari и Opera успеваат да ја задржат својата мала бројка на корисници речиси непроменета.

Во годината кога излезе Windows 8, најзастапен на пазарот (според интернет сообраќај) за оперативни системи има токму претходникот Windows 7, 52,62 отсто. Најголем пад, пред се најверојатно поради дисконтинуитетот на поддршката бележи Windows XP што не го спречува да се задржи на второто место со 21,06 отсто на интернет. Останатите оперативни системи системи се под 10 отсто, а позабележителен е порастот на WIndows 8 кој со 5,94 отсто се проближува кон третото место на Mac OS X (6,92).

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top