0 коментари 2 мин. читање 29 март, 2018

30 девелопери на игри заеднички ќе се борат против токсичноста во игрите

Токсичноста во онлајн игрите е повеќе од загрижувачка и, во многу ситуации, не се бира што и како ќе се каже. Како резултат, повеќето гејмери стануваат бесни до таа мера да често започнуваат особено чувствителни теми, како расизам, сексизам или хомофобија. Еден наш Македонец работи на програма која би можела да помогне во смирување на токсичниот гејмер во вас, но додека се чека финалната верзија, поголемите гејминг компании решија да ги здружат силите и да станат дел од организацијата Fair Play Alliance.

Во Fair Play Alliance се компаниите како Blizzard, Riot, CCP, Twitch, Discord и Epic и главната мисија е да се најде заедничко решение за справување со токсичноста во гејмерите. Преку организацијата, компаниите ќе споделуваат најразлични истражувања, искуства и пракси, за да можат поубаво да се запознаат и да разберат зошто се јавува токсичност, како да се справува со таквите играчи или, најважното од се, како да се сотре во корен и целосно да се спречи појавувањето на таквото нешто.

Моментно, организацијата работи на тоа како најдобро да се споделуваат ресурси и на кој начин да се справуваат девелоперите со вакви проблеми. Во подалечна иднина, се очекува да се осмислат стандарди и правила според кои ќе мора да се придржуваат гејмерите во игрите.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top