Дали знаете колку се чести лажните вести и какво влијание имаат? Група професори од MIT направи најголемо истражување досега, а резултатите покажуваат дека ќе биде потребен нов систем за проверка на податоците, систем кој ќе ја препознава и промовира вистината.
Причината за ова е виралното ширење на лажни вести. Лагите се шират значително побрзо и повеќе од вистината. Ова не важи спонзорирани вести, туку за сите, покажува истражувањето споделено на ScienceMag.
Она што го покажува истражувањето е дека секоја вест полесно се прифаќа ако се реобјавува. Дополнително, демантирањето на вестите нема подеднаков учинок како и реобјавувањето.
За ова распространување на лажните вести дури не се виновни ниту луѓето кои намеро шират ваква содржина. Проблемот се јавува многу порано, а дел од причините се купиштата извoри на информации од Интернет.
Не толку одамна имаше само неколку големи агрегатори на вести, пример Associated Press и Reuters. Но, денес благодарение на интернетot, има куп агрегатори.
Дополнителен проблем е и динамиката со која се објавуваат вестите. Ако во минатото поради медиумите, весник или радио информациите се пласирани во одреден период од денот и имало време во кое можеле да бидат проверени фактите. Денес тоа не е случај. Медиумите се натпреваруваат кој прв да објави некоја вест, а поради ова страдаат читателите.
Фактите не секогаш доволно се проверуваат, па понекогаш има куп медиуми кои пренeсуваат една лажна вест. Потоа некој друг автор ќе ја види веста и ќе ја пренесе како да е проверена, иако самата вест е неточна.
Како последица на ова, падот на довербата кај медиумите е огромен. Анализата на MIT покажува дека во 2016 на традиционалните медиумите им веруваат само 51% од демократите и 14% од републиканците.
За ова можеби имаат и доволно причини. Американците во месецот пред изборите прочитале помеѓу 1 и 3 лажни вести и тоа од познати издавачи. На друштвените мрежи пак лажните вести многу повеќе се споделуваат. Како причина за ова можеби е емотивната реакција на читателите, самите читатели имале поголема реакција на лажните вести.
Сепак се чини дека најголем пријател на лажните вести е пристрасноста до информациите. Така читателите прилично некритички ги примаат вестите кога истите се блиски до нивните политички ставови.